Потпечен спанаќ со сирење

1 кг исчистен спанаќ
600 мл вода
4 јајца
500 г издробено сирење
100 г маргарин или путер
4 лажици сусам
сол
300 г рендан кашкавал
Спанаќот ставете во тенџере, покријте со капак и динстајте го со водата  на тивок оган  додека не омекне. Оставете да се излади, исцедете ја водата, а листовите спанаќ ситно исечкајте ги.
Сирењето измешајте го со жолчките, па додадете го спанаќот. Посолете по вкус, промешајте и ставете во тава намрсена со маргарин или путер.
Прелијте со изматени белки и наросете со сусам и рендан кашкавал. Печете 30 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.