Потпишани повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка

Денес во Скопје премиерите на Република Северна Македонија и на Република Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, и министри од двете влади потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка.
Во рамките на зедничката седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, Заев и Ципрас  потпишаа акциски план за зајакнување на сеопфатната соработка согласно Договорот од Преспа.
Договор за соработка во сферата на одбраната помеѓу Министерствата за одбрана на Република Грција и Република Северна Македонија потпишаа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и незјиниот грчки колега Евангелос Апостолакис.
Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и грчкото МНР за забрзување на процесот на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, потпишаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и заменик министерот за надворешни работи на Грција Ксија Анагстополоу.
Министрите за транспорт и врски на двете земји, Горан Сугарески и Христос Спирцис потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете министерства. Тие, исто така, потпишаа и меморандум за разбирање за развој на патното и железничко поврзување на рутата Солун – Скопје – Табановце. Потпишан е и меморандум за соработка во сферата на транспортот, како и меморандум за соработка во енергетиката меѓу компаниите МЕР и ДЕСФА.
Договор за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји за поврзување на Мајдан и Промахеј во Грција, потпишаа заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, Ксија Анагстополоу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.