– Првото потполно затемнување на Сонцето оваа година ќе може да се следи од стотина градови и мали места во 13 американски сојузни држави на 8. април.Голем број луѓе ќе сведочат на првото потполно затемнување на Сонцето оваа година, објави американскиот дневен весник „USA Today“.Затемнувањето ќе може да се следи на подрачје со должина од околу 186 километри на делови од Мексико, САД и Канада.Затемнувањето на Сонцето, кое настанува кога Месецот минува меѓу Земјата и Сонцето, ќе може да се следи од стотици градови и мали места.Луѓето што сакаат да го видат овој феномен веќе патуваат во регионите во кои затемнувањето ќе може да се следи.Американските медиуми објавија дека веќе се резервирани 90% од капацитетите за сместување во државите во кои ќе може да се следи затемнувањето на Сонцето во САД.
Пронајдете не на следниве мрежи: