Макарони со сирење е едноставно јадење кое што, како што кажува името, опфаќа варени тестенини во сос на база на сирење.
Постојат многу верзии од тоа јадење, но ние ќе ви ги пренесеме оние наједноставните – од само три состојки кои што се припремаат во еден сад.
Состојки:
– 1250 милилитри млеко
– 400 грама макарони
– 200 грама рендано сирење
Подготовка:
1. Во големо тенџере загрејте го млекото. Кога ќе почне да врие, ставете ги тестенините.
2. Варете ги тестенините во млекото со повремено мешање, околу 10 минути.
3. Кога тестенините ќе се сварат, во тенџерето додадете го ренданото сирење.
4. Мешајте ги тестенините сè додека сирењето не се стопи до крај.
5. Послужете додека е топло, со салата по желба.
Пријатно јадење!