Состојки
За компирот
5 компира
1/2 лажиче копар
100 мл масло
100 мл вино бело
1 лажица мешан зачин
100 мл вода
За пастрмката
3 пастрмки
1/2 лажиче сол
100 гр брашно
За смесата во која ќе се валкаат рибите
1 јајце
1/4 лажиче сол
200 гр вода
За подготовка на овој убав рецепт ни се потребни риби Пастрмки.
Често пати подготвувам, но ја правам или на скара или печена.
Еве сега еден нов начин на подготовка на пастрмката.
Убаво ги чистиме ги миеме и посолуваме.
На страна правиме смеса за палачинки.
Во тава на оган ставаме малку масло за пржење на пастрмката.
Ја земаме пастрмката, ја валкаме во брашно, а потоа ја мацкаме во смесата за палачинки.
(Во сад го матиме јајцето водата солта па додаваме брашно колку да згусне.)
Тоа е смесата за палачинка.
Оставаме да се поисцеди, па веднаш ја нанесуваме на врелото масло.
Пржиме на потивко и повремено превртуваме од двете страни.
Пржената пастрмка ја редиме во чинија послана со марула.
Компирот го сецкаме на поголеми коцки и го редиме во тавата.
Попрскуваме со масло па додаваме мешан зачин, сол и бибер.
Наросуваме и копар.
Промешуваме, па додаваме вино и вода.
Оставаме да се пече .
Откако е печен компирот го сервираме до парчињата пастрмка.
Додаваме и лимонче.
Јас уживав во вкусот на свеж лимон од мојата градина.
Послужете го топло и насладете се со оваа прекрасна риба.
Пастрмката е една од најубавите риби.
Таа е мнгу здрава и вреди да е често во нашата исхрана.
На здравје
Забелешка
Рибата најпрво спуштете ја да се пржи на врел зејтин, а потоа намалете и оставете ја на потивко да се пржи. Ако ја оставите одма на тивко таа ќе се распадне цела или ќе ви залепи на тавата. Но затоа тука се Делимано, па уживајте во пржењето без да ви лепи.