Похувани солени палачинки: Сочна вечера за сечиј вкус – готова за 20 минути

Доколку сте љубител на палачинки, солените ќе ви бидат еднакво неодоливи како и слатките. Дури и да се пржени – навистина е тешко да им се каже „не“.

Ова одлично решение за брз појадок или вечера многу лесно се подготвува, а по пржените солени палачинки ќе останете сити долго време, па нема да зажалите за сите тие калории.

Состојки:

  • 6 лажици брашно;
  • половина лажичка шеќер;
  • половина лажичка сол;
  • 1 јајце;
  • половина кесичка прашок за пециво;
  • млеко по потреба.

За фил:

  • парчиња шунка;
  • парчиња сирење;
  • оригано;
  • 100 грама ситно сирење;
  • 50 грама путер.

За похување:

  • 1 јајце;
  • малку сол;
  • млеко по потреба;
  • брашно по потреба;
  • презла по потреба.

Подготовка:
Јајцето се матат, па се додаваат брашното, шеќерот, солта, прашокот за пециво и млекото по потреба, за да се измати смесата со средна густина.
Палачинките се пржат една по една, од двете страни, па се оставаат настрана да се изладат.
Секоја палачинка намачкајте ја со малку путер, па наредете ги парчињата кашкавал и шунка и додадете оригано по вкус. Завиткајте ги палачинките по желба, во ролат или како пакетче.
Ставете чепкалка за заби на рабовите на палачинката и потопете ги прво во смесата со солени јајца и млеко, па во брашното и презлата, па ставете ги во врелото масло. Пржете додека не ја сменат бојата, односно додека сирењето не почне да се топи во нив.
Наредете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.