Похувани тиквички со сусам од рерна

2 тиквички
4 јајца
150 г рендан Пармезан
3 лажици сусам
5 лажици лебни трошки
3 лажици брашно
масло
сол
Тиквичките измијте ги и исечкајте ги на кругови. Посолете ги, оставете ги да ја испуштат течноста и исцедете ги.
Измешајте ги брашното, лебните трошки, Пармезанот и сусамот. Јајцата изматете ги и посолете ги.
Секој круг тиквичка свалкајте го во јајца, во мешавината со сусам, повторно во јајца и уште еднаш во мешавината. Наредете ги во тава обложена со хартија. Врз секој круг тиквичка попрскајте малку масло и печете 20 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.