Похуван сладолед е совршениот летен десерт за вас

Подгответе го овој необичен десерт на кој никој не може да остане рамнодушен.
Состојки:

  • Било кој вид на сладолед (потребни ви се 6 топчиња);
  • 5 лажици брашно;
  • 8 лажици презла;
  • 3 јајца;
  • Масло за јадење;
  • Малку шеќер;
  • Екстракт од ванила.
    Подготовка:
    Прво потребно е да изберете калап во којшто ќе ги ставате топките сладолед кои може да ги ставите и во замрзнувач (еден час) за да замрзнат пред самото похување.
    Потоа извадете ги топчињата сладолед од замрзнувачот и извалкајте ги во брашно, па во јајцата во кои претходно сте ставиле малку шеќер и екстракт од ванила, па на крај во презлата. Повторете ја истата постапка со останатите топчиња сладолед.
    Потоа вратете ги топчињата во калапот и оставете да стојат во замрзнувач околу еден час.
    Потоа пржете ги на масло за јадење додека не заруменат.
    Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.