Фејсбук профил на Театар „Антон Панов“ Струмица
На 15 април, во вторник, во театарот „Антон Панов“ во Струмица започнаа подготовките за новата театарска претстава „Синот“, чиј текст е дело на познатиот и актуелен драматург Флоријан Зелер. Режисерската палка ја држи Благој Мицевски, додека улогите на сцената ќе ги оживеат актерите Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Михаил Велков и Ванчо Василев. Оваа претстава е вклучена во Годишната програма и е поддржана финансиски од Министерството за култура и туризам.
The post Почеток на пробите за претставата „Синот“ во струмичкиот театар appeared first on 365.mk.