Почеток на решавање на проблемот со паркирање на територија на општина Карпош- усвоена одлука на совет на општината за регулирање на наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање

Денес, на седница на Советот на општина Карпош беше усвоена „Предлог-
одлуката за регулирање на наплата на комунална такса по основ организирање на
зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош“.
Ова значи почеток на процедурата за решавање на проблемот со паркирањето на
територија на општината и воведување на зонско паркирање. Директорот
Христовски даде детални информации во врска со планот на претпријатието,
односно организирање на сообраќајот во мирување на територија на општина
Карпош, се со цел да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните на територија на
општината.
Христовски информираше околу придобивките, условите и привилегиите т.е.
бесплатно паркирање на жителите на општината кои се наш приоритет.
Во иднина, истакна Христовски, претпријатието изразува подготвеност за
уредување паркиралишта во останатиот дел од општината, по претходно барање од
страна на жителите на општината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.