ПОЧИНАТИ СЕ 4 лица, а регистрирани се само 39 новозаболени на ковид-19 во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 7
– Куманово 3
– Прилеп 8
– Тетово 2
– Струга 2
– Гостивар 11
– Гевгелија 2
– Кочани 2
– Кратово 1
– Свети Николе 1

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од:

– Скопје 6
– Штип 21
– Тетово 3
– Струга 1
– Битола 1
– Гостивар 6
– Гевгелија 1
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Виница 2
– Кичево 4

Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.ок

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.