Почина академик Иван Катарџиев

На 92 годишна возраст почина Иван Катарџиев, македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука. Од 1972. до 1978. година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Иван Катарџиев е истакнат научник со богат научен опус во областа на историските науки. Во фокусот  на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење, и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Автор е на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. За редовен член на МАНУ е избран во 2003. година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.