31-годишниот Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко ранет во престрелката кај Бит-пазар која се случи попладнево, им подлегнал на повредите во скопскиот Клинички центар, потврдија надлежните.
Тој беше тешко ранет во инцидентот со пукање што се случи околу 14 часот, кога според МВР, две групи од по пет до шест луѓе пукале едни кон други позади полициската станица Бит-пазар.
Според неофицијални информации, загинатиот жител на Арачиново е син на Назим Сулејмани-Аруша, поранешен командант на ОНА од скопското село, кој почина во 2018 година.