Почина Бојо Андрески

По кратко боледување, и сериозни компликации во последните денови, вечерва почина професор доктор Бојо Андрески, основач и сопственик на првиот приватен Универзитет во Република Македонија, Европски Универзитет.
Бојо Андрески, роден 1960 година, беше лидер во приватното образование во Македонија, отворајќи го првиот факултет, кој подоцна прерасна во првиот приватен Европски Универзитет на Република Македонија.
Лидер на партија на правдата, сопственик на печатеното издание на весникот Вечер, основач и сопственик на првиот Универзитетски центар за стоматологија, секогаш ќе остане запаметен како претприемачки човек со силен карактер, визија и грижа за сите околу себе.
-Човек со срце како планина, широк во делувањето, татко на две ќерки и дузина внуци… Почивај во мир!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.