Почина познатиот угостител и претседател на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.
Јосифовски беше активен борец за правата на угостителите во времето на пандемијата, кога поради мерките за заштита од коронавирусот беа затворани угостителските објекти.
Веста за неговата смрт ја објави братот Љубомир Јосифовски, кој е поранешен пратеник во Собранието.