Почина поранешен возач на Ферари

Поранешниот француски Формула 1 возач Патрик Томбе почина по долго боледување на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Томбе започна да се натпреварува во Формула 1 шампионатот во 1977 година со Теодор Рејсинг, а потоа возеше за Мекларен, Ферари и Рено.

Со Ферари, тој постигна две победи во 1982 и 1983 година на трките за Големата награда на Германија и Канада.

Тој, исто така, двапати го освои шампионатот на Северна Америка Can-Am (1977 и 1980 година).

Легендарната трка 24 часа Ле Ман ја возеше четири пати, а најдобриот резултат го постигна во Јагуар во 1989 година, кога беше четврти.

Томб страдаше од Паркинсонова болест долги години.


Пронајдете не на следниве мрежи: