На 60-годишна возраст вчера почина д-р Љупчо Меловски, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Професорот Меловски беше доајен на еколошката наука во Македонија, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, пасиониран ботаничар, борец за заштита на природата и учител на стотици млади истражувачи и еколози.
Погребот на д-р Меловски ќе се одржи на Градските гробишта во Бутел, во четврток во 13 часот.