Почина сопственикот на слаткарницата „Апче“

Пријатели, роднини, познаници преку социјалните мрежи се простуваат од Елам Кадриа, сопственик на познатата скопска слаткарница „Апче“.
Според објавите на социјалните мрежи, бате Елам како што многумина го нарекувале, починал пред два дена на 12-ти. Погребот бил одржан вчера во тетовско Јаловјане.


-Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко, дедо и газда на слаткарница Апче со големо срце почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово во 13 часот со почит од персоналот на слаткарница Апче. Пред се ве известуваме дека нашиот газда не е починат од корона вирус, стои во објавата.
-Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба за нашиот пријател бате-Ељам и газда на Слаткарница Апче. Загубивме голем човек во срцето.Неговите хумани дела кон секој еден ќе ги паметиме сите, учевме сите како треба да се биде хуман. Бате-Ељам ќе останеш да живееш во нашите срца голем човеку. Во име на мојата фамилија изразувам искрено и длабоко сочувство на фамилијата Кадри Бате-Ељам Аллах џ.ш да те награди со Џенет а на фамилија сабур-амин, стои во објавата со сочувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.