Почина Џејмс Мајкл Тајлер – легендарниот Гантер од „Пријатели“

Џејмс Мајк Тајлер, актерот најпознат по улогата на Гантер, почина на 60-годишна возраст.
„Тајлер почина мирно во својот дом во Лос Анџелес во неделата наутро. Светот го препознаваше како Гантер, седмиот пријател од серијата „Пријатели“, но најмилите Мајкл го препознаваа како актер, музичар и човек кој се залагаше за подигнување на свеста за опасноста од канцер“, објавил неговиот менаџер Тони Бенсон.
Да ве потсетиме, актерот неодамна откри дека од 2018 година боледувал од канцер на простатата.
Докторите прво биле оптимисти, но на почетокот на пандемијата Џејмс морал да ги пропушти прегледите. Канцерот во меѓувреме почнал да мутира и да се проширува и на неговите коски поради што актерот останал парализиран во долниот дел од телото.


Тајлер во едно интервју раскажал како поради својата дијагноза сфатил колку секој ден е важен, а самиот низ хумор полесно се носел со тешкотиите.
Актерот беше најпознат по тоа што 10 сезони ја толкуваше улогата на Гантер, управувајќи со кафулето „Central Perk“.
Креаторите на „Friends“ за „CNN“ своевремено изјавиле дека Тајлер бил „искрен, љубезен и прекрасен човек“.
„Кога почна како статист во серијата всушност ни привлече внимание неговиот единствен дух и знаевме дека мораме од него да направиме лик во серијата“, стои во изјавата.
Од колегите со емотивна објава на Инстаграм од актерот се простила Џенифер Анистон:
„Пријатели не би биле исти без тебе. Ти благодарам за насмевките кои ги внесе во серијата и во сите наши животи. Многу ќе ни недостасуваш“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.