четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица – Костадинов: Реков дека ред ќе има!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Реков дека ќе има ред во Струмица — и има, пишува на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов откако денеска започна акција за расчистување на градскиот плоштад од нелегално изградените угостителски објекти.

– Не зборував за привиден ред, туку за суштински ред. Ред кој значи безбедност, законитост и почитување на институциите. Денес, таа порака е разбрана.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Му благодарам на секој што ја сфати сериозноста – и на инспекциите, и на полицијата, и на сите кои не чекаа туѓо одобрение за да постапат правилно. Благодарам и за трпението – но не заборавајте: тоа трпение е сила, не слабост.

Ова е порака до сите:

Струмица се менува.

Се менува на подобро. Во град во кој се разговара, но не се калкулира со редот. Во град каде што постои разбирање – но не на сметка на законот.

Ред и поредок – тоа не е избор. Тоа е обврска.

И таа обврска ќе се исполнува – без компромиси. – напиша Костадинов.

Денеска екипите на струмички Комуналец со асистенција на полицијата ги отстрануваат објектите поставени на јавните површини. Во моментов се работи на еден, два објекта, додека други сами ги отстрануваат, велат од Општина Струмица.

Поврзани вести