четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почна сезоната на настинки, ОВИЕ рецепти ќе ви помогнат на вас и вашите деца

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Два многу ефикасни лекови, кои доколку започнете да ги консумирате на почетокот од настинката, ќе се спасите од можни понатамошни компликации како што е бронхитисот на пример.
И двата рецепти за овие лековити напитоци се многу вкусни и пријатни за пиење, па може да ги користатат и деца.

РЕЦЕПТ 1

Сварете 250 милилитри млеко и оставете да излади на собна температура. Додадете 1 лажичка путер и 1 лажичка мед.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На страна изматете една жолчка од јајце со четвртина лажица сода бикарбона.

Додадете го во млекото и промешајте. Овој лек се пие пред спиење, барем пет дена по ред за постигнување на подобри резултати.

Овој лек е одличен за трахеитис, болно грло, кашлица и бронхитис, а можат да го користат и деца.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

2 лажици маслиново масло
2 лажици вода
1 лажица мед
2 лажици лимонов сок

Постапка:

Измешајте и ставете на оган да се загрее. Половината се пие наутро, а втората половина навечер.

Започнете со примена навреме, додека симптомите на вирусот не се влошиле, па никогаш ќе немате проблем со бронхитис и кашлица.

Поврзани вести