Почна собраниската комисија за промена на Уставот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во салата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за уставни прашања како и дополнително пратеници кои не се дел од ова собраниско тело, пред малку влегоа во салата со што комисијата почна со работа.
Со Комисијата за уставни прашања претседава Талат Џафери. Членови на комисијата од власта се Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Мираковска, Самка Ибраимоски, Лилјана Поповска, Анета Симеска-Димоска и Татијана Лалчевска. Од опозицијата членови на комисиката се Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Ставананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов и Фадил Зендели и Сурија Рашиди.
На денешната седница на собраниската Комисија за уставни прашања, Предлогот за пристапување кон измени на Уставот што дојде од Владата ќе го образложи премиерот Зоран Заев. По денешната првата седница на Комисијата за уставни прашања, пределог измените на Уставот треба да се разгледуваат и на пленарна седница на Собранието в понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.