Почнуваат разговорите за реконструкцијата, Владата бара трпение за детали

Почнуваат разговорите за најавената владина реконструкција. Од Владата брифираат дека во текот на денешниот и утрешниот ден предвидени се средби со коалициските партнери Влен и Знам.
         Од Владата посочуваат дека разговорите се во рана фаза и дека дополнителни детали не се соопштуваат поради тоа што процесот бара сериозен и одговорен пристап.
Премиерот Христијан Мицкоски во изјави дадени претходно рече дека фокусот на реконструкцијата ќе биде пред се на содржината, а не на големината.
На роденденот на партијата во Струмица, Мицкоски испрати порака дека ги следи состојбите и дека нема да толерира привилегии. – На некои функционери фотелјата им станала помила од контактот со народот, рече Мицкоски.
The post Почнуваат разговорите за реконструкцијата, Владата бара трпение за детали appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: