Комбинацијата на овие состојки дава толку моќна напивка што ќе ги стопи сите масни наслаги што ги имате. Се пие секое утро на празен стомак, а по потреба, ако почувствувате глад, можете да ја пиете и помеѓу оброци.
Состојки:
неколку кругови ананас
неколку листови свежо нане
1 лимон
парче свеж ѓумбир
лажиче мед
Приготвување:
Во блендер ставете ананас и ѓумбир, сето тоа изматете го и на крајот исцедете лимон, додајте сечкано нане и засладете со лажиче мед.
Оваа напивка многу брзо ќе го започне процесот на детоксикација, исфрлање вода и согорување масни наслаги.
Ѓумбирот ја зголемува температурата и така согорува масти. Медот има исто дејство на загревање.
Лимонот и нането ја подобруваат брзината на варењето и согоруваат повеќе калории.
Ананасот е пресудна состојка во оваа напивка, бидејќи содржи ензим броелаин, кој поволно дејствува на слабеењето и има антивоспалително дејство, па го елиминира дуењето на стомакот. Фруктозата што ја содржи во својот состав ќе ви ја намали желбата за благо, а со самото тоа ќе ја намалите и количината на внесени калории.