Поштедете ги своите ќерки од верување во бајки – 5 совети од Џенифер Лопез за љубовта и животот

Џенифер Лопез е во шестата деценија, а во светот на шоу-бизнисот е повеќе од 30 години.
Таа се прослави како танчерка, пејачка и актерка, а денес познатата Jеј Ло има три брака, две деца, над 20 филма, девет студиски албуми, козметичка линија и неколку врски за кои зборува целиот свет.
Значи, кога на крајот на претходната недела се појави веста за наводно раскинување на врската со бејзбол sвездата, Алекс Родригез, а потоа, за време на викендот, демантите на оваа вест, се запрашавме каков е турбулентниот љубовен живот латинска дива може да нè научи?
Jенифер и има многу совети, а некои од цитатите, кои ни оставија најсилен впечаток, ги споделуваме подолу.
Лекциите на Џенифер Лопез за животот и љубовта:
Поштедете ја вашата ќерка од верување во бајките Јас пораснав со бајката „ќе се појави принц, кој ќе те спаси“, „Чекај вистинска љубов – тоа е она што ќе те направи среќен“, „Ако не сте во брак, не можете да бидете среќни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Па, дозволете ми да ви кажам, мојата ќерка е веќе еони над мене. Кога имала осум години, таа рече: „Не знам дали сакам да се омажам, мамо“. Тоа е вистинскиот став! Затоа што ако не сака, зошто да мора? Уште од мали нозе ја учам најпрво да се сака себе.
На врските мора да се работи Работиме на некои работи, рече Џенифер Лопез кога ја демантираше веста за раскин на свршувачката со Родригез. И тоа е реалноста на секоја квалитетна врска. За да опстане и да трае, мора да се работи на тоа.
Потребно е да се негува врската, да се инвестира време и емоции во неа, да се размислува за партнерот и неговите чувства, но и да се очекува да го стори истото.
Стареењето е прашање на став Сфатив дека не размислувам за стареењето како такво, туку за тоа како да останам млада по дух, безвременско и силно тело. Секако, во одреден момент сите стареат, но додека тоа не се случи, ние имаме моќ да влијаеме на тоа колку ќе бидеме силни.
Колку физичка активност ќе имаме. Колку ќе работиме. Колку активно ќе го вклучиме нашиот ум, нашиот живот, нашето тело. Ние сами одлучуваме.
Вашата сила е во тоа што ве одделува од другите Иако звучи парадоксно, моето родно место – Бронкс, ми помогна да успеам во Холивуд. Јас се разликував од другите и тоа беше мојата сила.
Јас бев ,,Џeни од Блокот”, своја и реална. Тоа отсекогаш ми било многу важно. Се водев од сеќавањето на периодот кога немав ништо. Затоа и сега ги почитувам сите луѓе и никогаш не гледам ,, од високо”Сонувајте големи соништа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Доаѓа време во животот кога ќе забележите дека луѓето ве отпишуваат. Кога ќе почнете да ги кревате рацете од целите, затоа што многу пати сте наишле на ѕид. Потоа, размислувате како можеби не требало да сонувате големи соништа.
И тоа се еден куп глупости! Единственото нешто што ви стои на патот до целта сте вие ​​самите. Секој од нас ќе биде под напад поради нешто – поради возраста, расата, полот или социјалниот статус. Но, не се откажувај од она што сте го замислиле. Надминете ги сите пречки!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.