Појадокот е најважен, но не ако јадете масни прженици: Предлог-мени за 7 дена! Еве што да консумирате наутро

Појадокот е најважен оброк, но ништо не сте направиле ако во себе внесете многу празни калории и нездрави масти.
Одлична е идејата секое утро да појадувате вкусни крофнички, кои ги подготвува баба или пак пржениците на мама. Но, проблемот е не само што тие веројатно веќе немаат можност да ви подготват сличен појадок, туку и фактот дека тој е многу калоричен.
Чиста реалност која, денес, кога нашите намирници сами по себе се со нејасно потекло и состојки, не е за потценување.
Меѓутоа, наместо да размислувате кој здрав појадок да го подготвите за вас и вашето семејство, ние ви носиме неколку идеи со ‘прифатливо’ неделно мени.
Понеделник
Со оглед дека се претпоставува дека претходниот ден не сте биле на работа, можете уште од претходната вечер да натопите малку овесни снегулки во кисело или свежо млеко, за да можат да омекнат. Ако пак сте вегетаријанци, може да користите и кокосово и млеко од соја. Во понеделник едноставно додадете малку овошје, чија семе или мед и уживајте во прекрасниот почеток на неделата.
Вторник


Јајцата се еден многу брз и здрав појадок. Можете да ги сварите или да направите омлет, а и идеите за брзи мафини од јајца се многу добри и брзо се прават. Изматете неколку јајца, измешајте ги со ситно исецкана шунка, пиперки, малку сирење или кашкавал и зелени зачини. Распоредете ги во калапи за мафини и испечете.
Среда
Направете здрав тост од црн или интегрален леб со путер, сирење, неколку парчиња домати и маслинки. Исто така може да направите и препечен сендвич со кашкавал, на кој ќе ставите неколку листови рукола.
Четврток
Ден за јаткасти плодови! Во чинија ставете еден грст јаткасти плодови, во нив додадете две супени лажици сирење, прелијте со малку маслиново масло и ставете зачини. Пресечете парче авокадо или краставица, додадете интегрални крекери и јадете здраво.
Петок
Еден шејк од банани ќе биде одличен почеток за завршеток на работната недела. Направете шејк така што ќе измешате банана со друго овошје. Подготовката на утринско смути е една од најкорисните работи со кои може да го започнете денот.


Сабота
Во сабота човек обично има повеќе време и ништо не би ве спречило да направите по една порција со кришки препечен интегрален леб со путер, варени јајца, исецкани краставици и домати, парче сирење и свеж сезонски зеленчук, а на крајот и овошје – за целото семејство. Брзо, едноставно, здраво и вкусно!
Недела
Овој ден треба да биде вистински празник за вашето семејство, што значи дека и појадокот треба да биде здрав и многу вкусен. Направете палачинки, но не со бело брашно, туку со кокосово. Тие се подготвуваат многу едносттавно, а нивна алтернатива се и протеинските палачинки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.