Појадок за слабеење: Намирница со која се губат двојно повеќе килограми

Доколку сакате да изгубите неколку килограми, никако не го прескокнувајте појадокот. Следната студија потврдува дека на менито треба да се најдат и јајцата.
Студијата објавена во магазинот „International Journey of Obesity“, покажала дека јајцата се одличен сојузник во губење на тежината. За време на двомесечното истражувањe следени се две групи покрупни луѓе кои биле на диета. Едната група јадела две јајца за појадок, а другата уживала во пецивата.
Двете групи внесувале иста количина калории во првиот утрински оброк, но во 65 отсто од случаевите повеќе килограми изгубиле луѓето кои јаделе јајца.


Покрај тоа, тие рекле дека имаат повеќе енергија од испитаниците кои денот го започнувале со оброк на база на јаглехидрати и дека значајно им се намалил индексот на телесна тежина.
Важни витамини од групата Б
Овие резултати не ги изненадуваат нутриционистите, кои јајцата ги сметаат за одличен извор на протеини кои ефикасно заситуваат и спречуваат прејадување во остатокот од денот.
Покрај тоа, помагаат во регулирање на холестеролот, а богати се и со витамин Б12 и холин, кои го осигуруваат нормалното функционирање на сите клетки во телото.
Треба да имате на ум дека во 100 грама јајца има околу 160 калории, но дека оваа бројка се зголемува со оглед на термичката преработка односно пржење или печење во масло или зејтин.
За диетален начин на исхрана, најприфатливо е да ги сварите јајцата и да ги комбинирате со зеленчук во салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.