Појадок кој го закрепнува целото тело: Се јаде 3 пати неделно, ги исфрла наталожените токсини и ги топи масните наслаги

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне целосно да го исчистите телото од наталожените токсини, да го забрзате метаболизмот и да ја подобрите работата на дигестивниот систем.
Состојките поволно делуваат на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат нарушената цревна флора. здра
Освен што има здравствени предности, ваквиот појадок ќе ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми. Се препорачува на овој начин да го започнете утрото 3 пати неделно.
Еве што ви е потребно за припрема:
– овесни снегулки: 3 до 5 супени лажички (може и друг вид снегулки – зобени, хељдини, ржани)
– трици од спелта: 1 супена лажичка


– чиа семе: 2-3 супени лажички
– изрендано јаболко
– соино млеко од ванила или некое друго млеко или јогурт. Можете да користите и природен сок од овошје или зеленчук
Начин на подготовка:
Претходната вечер, прелијте ги чиа семките со малку млеко и оставете да отстојат. Наутро помешајте ги заедно со останатите состојки и додадете уште малку млеко или друга течност за која ќе се одлучите.
За појадокот да биде уште повкусен, можете да додадете и малку цимет, рендан кокос, кршени лешници или мелено ленено семе.
Овој појадок треба да го консумирате веднаш штом станете, за метаболизмот веднаш да почне да работи. По една до две недели ќе забележите драстично подобрување – ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба за слатки и нездрава храна, а стомакот ќе ви работи одлично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.