Од бабината кујна ви пренесуваме појадок кој ќе стане омилен на сите домашни.
Потребни состојки
100 гр сувомеснато (салама, шунка)
1 домат
1 пиперка
2-3 листови кашкавал
1 јајце
Сув зачин
Лист од магдонос
масло
Подготовка
На масло пропржете го сувомеснатото и исечканата пиперка. Додадете го излупениот домат, а одозгора листовите кашкавал.
Во средината се става едно јајце и се просејува сув зачин и сечкан магдонос. Полека сè од тавата ставете на чинијата. Подгответе парчиња леб и уживајте.
Брзо, евтино и вкусно.
Пријатен апетит!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.