По водењето љубов секоја жена веднаш треба да го направи ова – без никакво размислување

Речиси секое тело во такви ситуации реагира на ист начин, а една од таквите реакции е потребата за уринирање по интимниот однос.

Уринирањето по сексот кај некои од жените може да биде моментално (веднаш после водењето љубов) додека кај други може да се случи после неколку минути.
Сексот е чин во текот на кој телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото кај речиси сите реагира на сличен начин.

Зошто имаме потреба од уринирање по сексот?
Нашето тело е многу софистицирани, а улогата е максимално да нѐ заштити од потенцијалните опасности кои се во околината. Една од тие опасности се крие во бактериите.

Имено, во текот на сексуалниот однос телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се скријат на места на кои не ги сакаме.

Специјалист уролог открива дека воспаленијата на мочниот меур директно се поврзани со сексуалниот однос: „Во текот на сексуалниот однос, бактериите низ каналите за уринирање се шират кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со уринирањето по сексот ние всушност се чистиме, односно ги чистиме каналите за уринирање од тие бактерии“, објаснил д-р Невен Капун.
Токму поради тоа доколку почувствувате потреба за мокрење по сексот, одложете го галењето на неколку минути и прво послушајте го своето тело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.