По вчерашниот инцидент се огласи градоначалникот на Шутка

Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари, по вчерашниот инцидент во кој повредени беа три лица ги повика своите сограѓани да останат смирени и да покажат трпение, за успешно спроведување на истражниот процес.
– Во однос на вчерашните случувања во општина Шуто Оризари ги повикуваме сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Ве информираме дека сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот. Ги повикуваме граѓаните од општина Шуто Оризари да бидат претпазливи, доколку сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата/градинките да го направат истото, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата/градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности. – напиша на Фејбук градоначалникот Дудуш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.