По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението.

Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.

Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат.

Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно.

Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство.

Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ.

Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе.

Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот. – се вели во соопштение на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: