По групна тепачка на “Рузвелтова“ тројца пренесени на Клиника

Вчера попладне повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир во угостителски објект на улицата “Рузвелтова“. По инцидентот тројца повредени завршиле во Клинички центар “Мајка Тереза“ и се обезбедени до расчистување на случајот, потврди МВР.
Според пријавеното физичката пресметка настанала помеѓу две лица од една  и две од друга страна, а најверојатно е употребен и нож. Неофицијално, еден од повредените е Албин К.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.