По експлозиите во Анкара, експлозија и во Истанбул

Експлозивна направа со мала разорна моќ експлодираше во средата во азискиот дел од турската метропола Истанбул, при што се искршени прозорци на повеќе објекти, но за среќа нема жртви, пренесува Reuters повикувајќи се на турските медиуми.
Станува збор за последен во серијата напади пред најавеното прогласување примирје што го навести историскиот лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PPK), Абадула Оџалан.Засега нема информации за целта на овој бомбашки напад.Претходно турското министерство за правосудство и канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во која се наоѓа и канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, во турската престолнина Анкара беа нападнати со импровизирани експлозивни направи ноќта кон средата. Двата објекта се нападнати со бомби од рачна изработка, и лесни антитенковски проектили истрелани од рано вооружување.Досега никој не ја презема одговорноста за овие напади, ниту има информации за поврзаност на двата напада.Последниот сличен бомбашки напад го изведе припадник на екстремната левичарска група марксистичката Партија/Фронт на ослободувањето на турскиот народ (DHKP-C) кој на 1-ви февруари се разнесе пред влезот во американската амбасада при што загина и турскиот припадник на обезбедувањето на дипломатското претставништво.Инаку во операција против DHKP-C изведена во вторникот наутро во турската метропола Истанбул беа уапсени најмалку 12 лица од оваа група, којашто и претходно изведуваше одмазднички напади по апсења на нејзините припадници. Запрашан дали DHKP-C стои зад нападот од вторникот ноќта во Анкара, министерот Ѓулан изјави дека „засега нема цврсти докази”.Експлозиите во Анкара и во Истанбул се случија пред во четврток да се случи најавениот повик на прекин на огнот од страна на затворениот лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Абдулах Оџалан, кој од ланскиот октомври преговара со највисоките турски челници за сопирање на судирите кои во последните 28 години однесоа повеќе од 40 илјади животи.
МакфаксЕксплозивна направа со мала разорна моќ експлодираше во средата во азискиот дел од турската метропола Истанбул, при шт

Пронајдете не на следниве мрежи: