По изборната победа, Вучиќ пред тешка дипломатска недела

Претседателот на Србија, Александар Вучиќmпрогласи победа за својата владејачка партија на изборите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, едвај има време да ја прослави изборната победа на неговата владејачка партија на парламентарните избори на 21 јуни со оглед дека го чека презафатена дипломатска недела. Вучиќ, чија Српска напредна партија (СНС), според нецелосни податоци, освои 63 отсто од гласовите на изборите, рече дека неделава ќе му биде „многу тешка“, започнувајќи со очекуваното пристигнување на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак во Белград на 22 јуни.


Партијата на Вучиќ ја задржува власта во Србија
Вучиќ рече дека нема да има ниту можност да „насмее и да ужива“ во посетата на Лајчак, бидејќи следниот ден ќе престојува во Москва. „Тогаш не знам дали ќе одам во Брисел или Вашингтон, потоа во Словенија“, рече Вучиќ, откако прогласи победа за својата владејачка партија на изборите кои минаа со бојкот на дел од опозицијата и загриженост за коронавирусот.
Помпео – Косово треба да биде спремно за обнова на преговорите со Србија
Изборните проекции покажаа дека Социјалистичката партија има околу 10,6 проценти, десничарската Српска патриотска алијанса е на трето место со околу 4 проценти од гласовите. Другите групации не успеаја да го достигнат минималниот праг за да добијат места во законодавниот дом од 250 места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.