По кратка самоизолација Путин замина на одмор, еве што правеше во Сибир

Рускиот претседател Владимир Путин мина неколку дена на одмор во Сибир каде шеташе и ловеше риби, соопштија од Кремљ, по кратката самоизолација како мерка поради пандемијата со коронавирусот.


Путин претходно изјави дека ќе мине неколку дена во самоизолација откако десетмина луѓе од неговото опкружување се заразија со вирусот. Тој мораше да го откаже патувањето на безбедносниот самит во Такиџистан.

Кремљ објави 20 фотографии од Путин како стои во река и лови риби, шета низ шума и ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојку, неговиот најчест сопатник на одморите во Сибир.
68-годишниот Путин прими две дози од вакцината Sputnik V против коронавирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.