По кусо боледување почина Алајдин Демири

Алајдин Демири, поранешeн градоначалник на Тетово и поранешен амбасадор во Швајцарија, почина вчера во Тетово на 65 годишна возраст по кусо боледување. Демири беше политички аналитичар, универзитетски професор и член на новоформираното граѓанско здружение „Совет на амбасадори“. Градоначалник на Тетово беше од 1997 до 1998, а амбасадор во Швајцарија од 2000-2002 година.
Демири е роден на 19 декември 1954 година во Тетово. Студирал социологија во Сараево од 1973 до 1977 година. Работел како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио телевизија, бил професор во средно училиште, а работел и во градската библиотека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.