По нападот на Божиќниот пазар во Магдебург – пораст на кривичните дела насочени кон странци

По нападот на Божиќниот пазар пред две недели, бројот на кривични дела насочени против странци во германскиот град Магдебург нагло се зголеми пренесуваат германските медиуми.

Советниците во градскиот совет изјавија дека „овие кривични дела се одвратни и се спротивни на вредностите на градот“.

Според јавниот сервис МДР, полицијата годинава забележала три кривични дела со расистичка позадина. По нападот на Божиќниот пазар на 20 декември, кога еден Саудиец со автомобил уби пет лица и повреди околу 200, секојдневно се бележат напади врз странци.

Организациите за заштита на човековите права сметаат дека причината за порастот на насилството е реториката на партиите како Алтернатива за Германија (АфД), кои го користат нападот за политички цели пред претстојните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.