По неговата смрт: Телото на планинарот Петков денеска донесено во Гевгелија

Телото на починатиот доктор Георге Петков по дест дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија, јави дописникот на МИА. Петков почина на 20 мај во обид да го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018″.

Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 часот ќе биде одржана комеморативна седница во болницата, а погребот по желба на најблиските ќе се изврши утре попладне во 16 часот на гробиштата во неговото родно Стојаково.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.