четврток, 12 ноември 2026
Најново

По пластичната операција веднаш почнала да бега! Цела вознемирена од анестезијата и во завои почнала да пцуе по лекарите: Причината е бизарна (видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Странски државјанин кој имал пластична операција во Турција во приватна клиника во Истанбул, наводно се обидел да побегне од болницата за да не ја плати сметката.Неименуваната жена, чија глава сè уште била обвиена во завои и била облечена во болничка наметка, била запрена во последен момент.Сè се случило на 7 февруари во вечерните часови, а побегнатиот пациент во последен момент бил задржан од лекарите и медицинските сестри.Турските медиуми јавуваат дека жената пред операцијата била информирана за цената на болничките услуги и дека откако се согласила „влегла под нож“.

Интервенцијата била направена под општа анестезија, но кога ја разбудиле по операцијата, жената сè уште под дејство на анестезија и се обидела да ја напушти болницата за да не плати за услугата.Наводно, во моментот на бегството жената сè уште имала завои!Кога лекарите ја запреле, таа почнала да ги пцуе, а потоа и физички ги нападнала.На крајот била задржана од обезбедувањето. Не е познато дали била задржана на клиниката и како завршил овој бизарен случај.

Поврзани вести