По разводот – не ги соблекува бикините: Ана Ивановиќ никогаш не изгледала подобро ФОТО

Ана Ивановиќ уште еднаш покажа зошто се смета за една од најубавите спортистки во светот кога ги објави своите најнови фотографии од одмор.

Поранешната најдобра тенисерка на планетата, Ана Ивановиќ , сподели серија фотографии на Инстаграм од одморот на италијанскиот остров Капри, а најголемо внимание привлече фотографијата на која позира во впечатливо розово бикини .

Таа кратко напиша со објавата: „Резиме од Капри“.

Насмеана и видливо расположена, Ана уживаше крстарејќи пред познатите карпи Фараљони, еден од најпрепознатливите симболи на Капри.

View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Минималистичката облека, очилата за сонце и природниот изглед беа доволни за да ги освојат нејзините следбеници, кои ја обсипаа објавата со комплименти.

View this post on Instagram A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Освен фотографиите од јахтата, Ивановиќ сподели и други моменти од својот одмор, а откри и дел од атмосферата од еден од најубавите италијански острови, каде што престојуваше во друштво на пријатели во последните денови, меѓу кои особено внимание привлече поранешната германска тенисерка Анџелик Кербер .

„Убаво е да ве гледам заедно“, „Блескате по разводот“, „Прекрасна си“, „Уживајте со пријателите“, беа само дел од коментарите.
The post По разводот – не ги соблекува бикините: Ана Ивановиќ никогаш не изгледала подобро ФОТО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: