По решавањето на спорот за името Македонија има добри шанси да продолжи напред

Во интервју за германскиот весник„Ханделсблат“еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјавува дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања, а интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија е единствениот начин да се задржи мирот во регионот. Треба да ја унапредуваме економската соработка и владеењето на правото во Западен Балкан, така што земјите од овој регион ќе го достигнат нивото на ЕУ и ќе имаат реални перспективи за пристапување, вели Хан. Датумите не може со сигурност да се утврдат, но дека 2025. година е многу важна за кредибилитетот на европската перспектива на Западен Балкан, што широко е прифатена и во ЕУ, дополнува тој.
Во изјавата која ја пренесуваат и српските медиуми еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  посочил дека Македонија ќе им се приклучи на Србија и Црна Гора, кои се веќе на патот за европска интеграција и веќе почнале преговори за пристапување во Европската унија.
-Земјите од Западен Балкан се уште се слаби и проширувањето на Европската унија е единствен начин за мирно стабилизирање на регионот. Но, кога тие ќе се приклучат кон ЕУ, не можам да ви дадам точна проценка, дополнува Хан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.