четврток, 12 ноември 2026
Најново

По смртта на Илче се огласи директорката на Специјалниот завод: Беше во стабилна состојба, си јадеше…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утрово јавноста ја потресе веста за смртта на единаесетгодишниот Илче, момчето од Охрид со тешки здравствени проблеми кое го напуштија родителите и кое со апели од јавноста беше сместено во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија.
Директорката на Заводот, Александа Велковска во изјава за „Фокус“ вели дека смртта на Илче ги изненадила сите.
-Беше во стабилна здравствена состојба, си јадеше, вчера попладне ненадејно почина. Кои се причините за смртта е неблагодарно да нагаѓам, обдукцијата ќе покаже од што почина, вели Велковска.
Јавноста дозна за голготата на малото момче летово по апелот на соседите кои ги слушаа повиците за помош на момчето кое боледуваше од церебрална парализа и имаше други здравствени проблеми, а беше само и напуштено од родителите.

Поврзани вести