По убиството на малата Вања, основното училиште од Прилеп укина забрана за…

Основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп одлучи да ја укине забраната за учениците да носат мобилни телефони на училиште, која беше воведена на почетокот на оваа учебна година.

Како причина за ваквата одлука ја наведуваат трагедијата што го потресе целиот регион – убиството на малата Вања Ѓорчевска од Скопје.

Уапсен Кумановец, полицијата му пронашла 2600 парчиња петарди
Вчера полицијата во Куманово го уапсиле Д.К од Куманово откако кај него биле пронајдени и одземени 2600 парчиња пиротехнички средства.Од МВР велат дека Д.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на …
По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска соопшти дека  исплатата на унгарскиот заем од половина милијарда евра за кој договорот денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска ќе биде …

„Во светло на немилиот настан што ја потресе целата земја, вклучително и нас како училиште, наставниот совет на училиштето одлучи повторно да го воведе носењето телефони со намалена употреба. Во моментов живееме во неизвесно време и се надеваме на побезбедна иднина кога целта неносењето телефони било за општа благосостојба на учениците“, наведуваат од ова училиште.

Инаку, во септември, наставничкиот совет на ова училиште, по препорака на Министерството за образование и наука, а со целосна поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот, донесе одлука за целосна забрана на употребата на мобилни телефони во училиштето и наставниците воведоа ограничена употреба на телефони.

„Секој родител ќе има телефонски број од раководителот на одделението, стручната служба и директорот за секоја потреба на ученикот“, изјавија тогаш, нагласувајќи дека „секој телефон пронајден во училиштето ќе биде одземен и вратен од крајот на учебната година“.

Да потсетиме, малата Вања беше киднапирана на 27 ноември кога тргнала на училиште. Истрагата покажала дека девојката била киднапирана на влезот од зградата, каде ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење, а потоа ја однеле во автомобилот надвор од градот, каде што била убиена. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.