Правописот доставен до ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје

НУБ Св. Климент Охридски Денеска го испративме Правописот и до еден од нашите најблиски соработници, ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје. Изразуваме благодарност до директорката Rozy Vlahovik за нејзиното гостопримство и интересот што го покажа за ова важно издание, што претставува неопходна алатка во образованието и грижата за децата. Оваа установа има значајно место во општеството и за иднината на државата, бидејќи обезбедува дом за деца без родители и семејна поддршка, им обезбедува основна заштита, 24-часовна помош и поддршка од професионалци, како и облека, храна и здравствена услуга. Вработените, за кои децата се најважни и свети, нетрпеливо го очекуваа Правописот, сакајќи да го споделат во своите групи, изразувајќи ја потребата од оваа публикација и задоволството што конечно ја имаат на располагање. Детскиот Дом секогаш ќе го има за сојузник и поддршка Националната и универзитетска библиотека во исполнувањето на својата важна мисија.
The post Правописот доставен до ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: