Празничен и зимски возен ред на ЈСП

Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. Утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред. Ноќните линии на новогодишната ноќ (понеделник према вторник) ќе работат по возен ред како во сабота према недела.
На 1. јануари (вторник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од 2. јануари (среда) автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.
Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 2. јануари ќе биде редуциран.
На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.
Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.
Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.