Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, го напушта парламентарното мнозинство, ќе дејствува самостојно во Собранието

Пратеникот Миле Цеков денес објави дека го напушта ЗНАМ и дека ќе дејствува како независен пратеник во Собранието, нагласувајќи дека повеќе не е дел од владејачкото мнозинство.

Во своето јавно обраќање, тој рече дека влегол во политиката за да им служи на татковината и граѓаните, но дека очекуваните промени не се реализирани.

„Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека во политиката има место за чесни и вредни луѓе. Но, за жал, овие промени не се случуваат“, напиша Цеков, меѓу другото.

The post Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, го напушта парламентарното мнозинство, ќе дејствува самостојно во Собранието appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: