Пратениците барале од Мицковски повторно да бидат на листите!

Како што се загрева изборната машина, која мислиме дека ќе биде погубна за многумина политиканти, веќе се појавуваат големи апетити во „Белата Палата“. Имено вечерва бевме информирани дека досегашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ (од кои многумина ги немате ни видено ни чуено) побара во случај на предвремени избори партијата да оди повторно со истите листи.
Иако некои од нив отидоа спротивно на размислувањата на најголемиот број на членовите и се појавија на гласање на референдумот сега се менува плочата и музиката. Сега сакаат пак на листата за привилегии. Велам привилегии оти пратеничкото место само тоа и им беше. Молчеа при пучот и пеењето на химната на Албанија. Не се покажаа при носењето на законот за двојазичност. А дополнително на ова при референдумот го доподелија членството и застанаа спроти него.
Па дури кога се подигна бура од реакции почнаа да се колнат и ветуваат дека нема да гласаат за промена на Уставот внатре во Парламентот. Но, да беше поинаков исходот (па дури и наштиман) не сум сигурен дека ќе се колнеа туку ќе си изглаа уставни измени без да им трепне окото.
И сега без срам и перде сакаат пак. Ххихихихихих, ништо не ме чуди. Ова е земја на апсурди. Паметните седат на страна или емигрираа. А клиентите, воглавном со сомнителен морал, без скрупули, подготвени да наседнуваат во скут на партиските моќници, ќе се доберат пак до фотеља.
Потоа вие пак чудете се кој е овој пратеник, директор, раководител…
Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.