Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство што апсолутно не е спорно е целиот избор ке биде само протоколарен
Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.
Од ВМРО-ДПМНЕ неспорно се изјаснија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.
На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.