Првата група Авганистанци пристигна во Скопје, трудница итно однесена во болница

Првата група од 149 Авганистанци пристигна на аеродромот во Скопје
Првата група од 149 Авганистанци пристигна во Скопје. Во авионот имало пет трудници, една од нив во 39-та недела од бременоста по слетувањето со амбулатно возило е пренесена во болница. Авганистанците во земјава ќе останат привремено додека не заминат во САД или во трета земја како нивна крајна дестинација. Трошокот за сместување е на САД и на меѓународните организации во кои работат.
Група од 149 Авганистанци пристигна пред полноќ на Меѓународниот аеродром Скопје, но во секој момент може да станат 150, оти патничка во авионот е во 39-та недела од бременоста и веднаш по слетувањето беше однесена на преглед со Брза помош. Во авионот имало уште четири трудници. Со друго амбулантно возило беше однесен уште еден патник кој најверојатно колабирал по слетувањето.

„Голема е веројатноста да се породи оти е во 39-та недела од бременоста, но прегледот што го направи докторката не покажуваше знаци на отпочнато породување“, рече раководителката на скопската Итна медицинска помош Милица Бубало.
На сите што слетаа вечерва од Авганистан во Скопје ќе им биде направен лекарски преглед и ПЦР тест, а доколку некој е позитивен на коронавирус оди во двонеделен карантин. Тие што сакаат, а не се вакцинирани, може да добијат и вакцина.
Трудница пред породување меѓу Авганистанците кои пристигнаа во Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: